Наместо желби, оваа година одлучно заповедајте работите да почнат да се случуваат

Наместо новогодишни желби, оваа година цврсто и одлучно заповедајте работите да се случуваат во 2021 година и тоа баш онака како што вие сакате. Намерата веќе одамна е ново име за желбата. Зошто?

Кога посакувате, на Универзумот му праќате негативен став/мисла дека нешто немате и дека не сте доволно моќни за да го остварите тоа. Наместо тоа, со вашите мудро смислени ставови и уверувања, односно со своите произведени позитивни чувства вие ја создавате реалноста која сакате да ја имате. 

Да бидеме господари на своите мисли и чувства, затоа што во спротивно знаете и сами, ако нашиот ум е господар, а не слуга, нема добро да си поминеме. Ако неконтролираните чувства нѐ фрлаат од едно расположение во друго, во тој случај ние не сме оние кои управуваат со својот живот. Своите чувства и мисли можеме да ги менуваме со помош на нашата волја и затоа да ги користиме тие внатрешни алатки. 

Затоа и ние постоиме на оваа Земја, затоа што животот е тука за да нѐ научи на важни лекции. 

Нека ни е со среќа создавањето на нова  реалност, како поединечно, така и на светско ниво!