Наместо пошумување, на Водно ќе никне зип-лајн и туристички центар

Град Скопје планира голем дел од парите што Владата ги одвои за пошумување на Водно за да ги компензира штетите од изградбата на гасоводот, да ги искористи за изградба на адреналински парк, зип-лајн, видиковци, велосипедски патеки и други содржини.

Според најавите на градоначалникот Петре Шилегов околу 290.000 евра од доделените 700.000 евра наменети за ревитализација на зеленилото ќе се искористат за нов туристичко-рекреативен центар.

Немало доволно парцели за садење нови дрвја, пишува порталот СамоПрашај.

Скопјани, на Водно ќе се возите на зиплајн, а ќе дишете другат, еден од коментарите на социјалните мрежи.