Наместо да ја снема, дивата депонија во Ново Село прераснува во црн еколошки џин

Депонијата во Ново Село, во општината Ѓорче Петров, продолжува да се збогатува и по содржина и по површина. Наместо да се расчисти и да ја снема како што беше најавено неколку пати од општинскиот градоначалник, Александар Наумоски, и од градскиот, Петре Шилегов, таа деновиве го доживува својот максимум.
Жители на населбата Даме Груев секојдневно сведочат дека од страната на населбата, веднаш покрај железничката пруга, се пропуштаат огромни камиони кои носат разновиден шут, а не само земја, и го растоваараат во оваа дива депонија.

Жителите на Ѓорче Петров на социјалните мрежи го напишаа следново:

- Ова е депонијата во Ново Село ! Поголема од било кога !
И не само што не се празни туку не престанува да се полни !
Што е она што е најстрашно, што САМАТА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ја полни иако ИЗЛАЖАА дека е комплетно исчистена !
На видеото се гледа камион во сопственост на општина Ѓорче Петров со регистерски таблички SK - 430- SH како во сред бел ден доаѓа и истура шут !
На 27 -ми јануари Град Скопје, а на 29-ти февруари Aleksandar Naumoski објавија дека депонијата се чисти и дека ќе се потрошат 10 милиони денари за таа намена.
Парите се потрошија, а ѓубрето не е исчистено !
За се има видео и фото докази !
Вака ли е грижите за граѓаните ?
Ова ли е правилна грижа во ек на пандемија ?
Што кога ќе се запали ?


Кој од ова профитира и зошто се отвораат рампите само за возила на одредени фирми ?
Како граѓани на општина Ѓорче Петров упатуваме АПЕЛ до медиумите да ни помогнат !
Вака веќе не бива ! - стои во реакцијата.