Љубителите на сирење, а и оние кои не се конзуматори дефинитивно ги знаат добрите придобивките од сирењето.

Имено, новото истражување потврдува дека една дневна порција од овој млечен производ би можела да го намали ризикот од мозочен и срцев удар.

Количина од 40 грама сирење го намалува ризикот од развој на болести на срцето за дури 14 отсто, а истата дневна количина го намалува и ризикот од мозочен удар за 10 отсто, велат резултатите од истражувањето спроведено во Кина.

Како што наведува “The Sun”, една британска студија која била спроведена нешто порано оваа година, исто така дошла до многу слични заклучоци.

Научниците од Универзитетот во Рединг пренесуваат дека резултатите од нивното истражување ги доведуваат во прашање долгогодишните совети околу тоа дека треба да се ограничи внесувањето на млечни производи.

Порција од 40 грама сирење е со иста вредност како и една шолја млеко.

“Сирењето содржи заситени масни киселини, но содржи и добри хранливи нутриенти”, се наведува во истражувањето.