Намалена видливост на повеќе патни правци

Сообраќајот на патиштата се одвива по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50 метри има на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар и Тетово – Јажинце, од 30 – 50 метри на патните правци Велес – Скопје и Скопје – Велес, од 50 – 100 метри на патниот правец Демир Капија – Миравци, од 10 – 15 метри на патниот правец Тетово – с. Гајре, од 70 – 80 метри на патниот правец Кичево – М. Брод, од 50 – 60 метри на патниот правец Штип – Неготино, од 50 – 100 метри на патните правци Кочани – М. Каменица и Виница – Берово, од 100 – 150 метри на патните правци Битола – Прилеп, Дебар – Струга и Ресен – Охрид и до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управув ање со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.