Намален бројот на отселени лица од Македонија

Официјалните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека од Македонија во 2016 година се отселиле само 440 граѓани.

Споредено со годините претходно трендот бележи намалување. Во 2015 година од Македонија се отселиле 767 лица, во 2014 година 740, во 2014 година 945 лица, а во 2012 година земјата ја напуштиле 1.330 лица.

Според последните податоци објавени од ДСЗ во Публикација посветена на миграциите, во земјава во 2016 година се доселиле 283 македонски граѓани, а во 2012 година 396 граѓани.

Во рамки на внатрешните миграции во земјава, 6.869 лица мигрирале од една во друга општина.