Најжешката глобална ѕвезда во моментов, Martin Garrix, за прв пат како no.1 world dj доаѓа во регионов и тоа како хедлајнер на фестивалот SKOPJE CALLING 2017.

После феноменалниот почеток на Skopje Calling, лани, со настапите на хитмејкерите David Guetta, Robin Schulz и Kungs, годинава Скопје ќе биде домaќин на човекот којшто не е само најголема диџеј ѕвезда во светот во моментов, туку е и ултимативен глобален суперстар на целата планета.

Настапот на Martin Garrix ќе се одржи во рамките на фестивалот Skopje Calling на 23 јуни, на ребрендираниот стадион „Филип Втори“ (Телеком Арена).

Иако има само 20 години, Мartin Garrix во моментов не само што е no.1 world dј и официјално, туку тој и со години наназад е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот, како: Coachella, Ultra Music Festival, Tomorrowland и други, каде настапува единствено како хедлајнер. Светската слава ја стекнува на 17 годишна возраст, со мега-платинестиот хит „Animals“, а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love“ со Bebe Rexha и „Scared to be lonely“ во соработка со популарната Dua Lipa, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ листи.

Пред диџеј сетот на Garrix, на фестивалот Skopje Calling 2017 ќе настапат и повеќе имиња, меѓу кои и уште еден светски артист, како и диџеи од регионот кои ќе ја отворат вечерта.