Најважните животни лекции за чувствителните души...

Прифатете ги, но и контролирајте ги вашите чувства

Чувствителните луѓе би требало да ја прифатат својата чувствителност. Тоа е многу важно. Ако размислите малку подлабоко, имате многу среќа што сте такви, затоа што суштината на животот е да ги почувствувате и да уживате во сите чувства. Но, од друга страна, морате и да знаете како да ги контролирате. Без оглед на тоа дали сте лути или тажни, морате да имате јасна слика за својот живот и пред сѐ морате да го почитувате својот живот и своето постоење. Морате да продолжите да живеете. Не дозволувајте вашите чувства да ве контролираат. Запомнете, вие ги држите конците во рацете!

Заштитете се

Добро е да бидете чувствителна личност, но чувствителните луѓе најчесто не знаат да ги кријат своите чувства и често се жртви на манипулација. Уживајте во своите чувства, но научете како да се заштитите од лоши луѓе.

Фокусирајте се на она што е навистина важно

Еден од потенцијалните проблеми на чувствителните луѓе е тоа што се трошат себеси и своето време на неважни работи, препуштајќи им се и на најситните чувства. Убаво е тоа што го чувствувате, но имајте јасна слика за она што е навистина важно, не дозволувајте поради едно стебло да ја промашите шумата.

Фактот дека сте чувствителни души не значи дека сте слабаци

Општеството во коешто живееме сака да ги претстави чувствителните луѓе како слабаци, но тоа не е вистина! Потребно е многу сила и храброст за човек да ги покаже своите чувства. Не се плашете од тоа, туку бидете храбри!

new nike air max 2019