Нарушен баланс на хормоните во организмот може да предизвика преголем стрес, пушење, консумирање алкохол, за време на бременоста, доколку исхраната е лоша ...

Во телото на жените циклично се јавуваат два хормони – прогестерон и естроген. Односот на овие два хормони во организмот може да се наруши и тогаш доаѓа до дисбаланс. Кај мажите пак се јавуваат хормоните тестостерон и пролактин кај кои исто така може да дојде до пореметување. Нарушен баланс на хормоните во организмот може да предизвика преголем стрес, пушење, консумирање алкохол, за време на бременоста, доколку исхраната е лоша ...

Симптоми кои укажуваат на хормонскиот дисбаланс

Ако се чувствувате подуени, нервозни или едноставно не ви денот виновник за ова може да бидат хормоните. Хормоните се хемиски состојки кои влијаат врз работата на клетките и целиот организам. Нормално е доколку нивните вредности варираат во одреден период од месецот, особено пред и во текот на менструалниот циклус. Хормонски дисбаланс се случува и во менопауза. Освен овие причини, варирањето на хормоните може да биде резултат на болест или пиењето одредени лекарства.

Проблеми со варењето на храната

Дигестивниот систем се состои од мали клетки наречени рецептори кои реагираат на нивото на естроген и прогестерон. Кога овие хормони се повисоки или пониски од нормалните вредности може да забележите промени во начинот на варењето на храната. Токму затоа, пред и за време на циклусот можна е појава на гасови, надуеност, дијареја, гадење.

Проблеми со спиењето

Женскиот хормон прогестерон има улога во спиењето, помага да заспиете. Ниските вредности на овој хормон може да направат да не можете да заспиете или пак да немате цврст сон. Нискиот прогестерон е одговорен и за ноќното потење и чувство на топли бранови низ телото.

Акни кои не поминуваат

Појавата на акни за време на циклусот е нормална и не треба да ве загрижува. Но, акни кои не поминуваат може да се резултат на проблем со хормоните. Зголеменото ниво на андрогени (машки) хормони кои ги имаат и мажите и жените може да предизвикаат зголемено лачење на лојните жлезди. Со тоа доаѓа до затворање на порите и зголемена можност за појава.

Нерегуларен циклус

Кај најголем дел од жените циклусот трае 21 до 35 дена. Доколку имате нередовен циклус кој доцни со денови, некогаш и месеци, тогаш можно е да имате пад или високи вредности на естроген и прогестерон. Причина за ваков нередовен циклус кај жени над 40-та година може да биде пременопауза – периодот пред менопауза. Прескокнувањата на циклусот може да биде и резултат на здравствени проблеми како што е синдромот на полицистични јајчници, па затоа најдобро е да закажете преглед на гинеколог.

Замор

Заморот е еден од најчестите симптоми на дисбаланс на хормоните. Вишокот прогестерон може да ве направи сонливи.

Промена на расположение и депресија

Бројни истражувања докажале поврзаност на промената на хормоните и наглата промена во расположението. Естрогенот влијае на нивото на главните мозочни  хемиските состојки меѓу кои и серотонинот кој е одговорен за доброто расположение  или уште наречен хормонот на среќа.  

Главоболка

Многу причини може да доведат до главоболка. Една од нив е и ниското ниво на естроген. Токму затоа главоболката која се јавува пред или за време на циклусот се поврзува со опаѓањето на овој хормон.

Голем дел од овие симптоми може да укажуваат и на други нарушувања на вашето здравје, па затоа нашите препораки се да се консултирате со вашиот гинеколог. Нивото на хормоните се испитува со едноставен тест преку анализа на крвта и тоа во одреден временски период кој ќе ви го посочи вашиот гинеколог.