Најважните лекции кои ги научив од мојата мајка родена во знакот Близнаци: Наместо да плачеш, насмеј се

Таа секогаш доцнеше за да ме земе од училиште или часовите по балет. Секогаш беше зафатена, правејќи милион работи одеднаш, дури и за луѓето што многу малку ги познава. Таа беше активна, среќна како дете.

Од неа научив толку многу важни работи.

Животот секогаш може да биде убав

Станува тежок понекогаш, светот се распаѓа, но најважно е како гледаш на него. Треба да се биде доволно храбар за да се гледа позитивно дури и кога работите се најтешки. Сонцето секогаш доаѓа после дождот. Секогаш го велеше тоа.

Пријателите се најголемото богатство

Секоја личност е различна и секоја носи различна вредност во нашиот живот. Можеме да имаме милион пријатели и од сите нив да учиме по нешто, да имаме различни искуства и да водиме интересни разговори.

Наместо да плачеш на својата мака, насмеј се

Колку пати ја имам видено како се смее на своја сметка дури и на својата најголема неволја. Секогаш велеше дека животот носи различни лекции, кои доаѓаат во ситуациите кои најмалку ги очекуваме.

Дипломатијата е моќно оружје

Таа беше роден дипломат. Секогаш знаеше како да ги поправи работите и да им ги каже важните работи на луѓето во вистинско време.

Секогаш можеш да смееш и да се радуваш на животот како дете

Животот е тежок и тој носи различни ситуации, обврски и одговорности, но тоа не значи дека треба да пораснеш и да бидеш сериозен. Никогаш не е предоцна да се биде дете кое ужива во животот. Среќата е избор, таа не доаѓа туку така.

Животот е прекраток за да го поминеме со негативни луѓе

Кога ќе сфатиш дека некоја личност не е искрена, дека не е среќна за твојата среќа, или пак дека не е онаква како што се прикажува, нема причина да ја чуваш во својот живот. Не се плаши да го прекинеш пријателството со некои луѓе, не дозволувај тие да бидат отров во твојот живот.