Најважни правила и прописи што треба да ги знаете ако одите во Грција со автомобил

Патувањето на одмор најчесто значи патување на долга дестинација. Кога е во прашање летниот одмор, Македонците најчесто се решаваат тој период од годината да го поминат во кај нашиот јужен сосед – Грција.

Ова се најважните правила и прописи што треба да ги знаете при патување во соседна Грција.

Највисока дозволена брзина

Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час. За моторцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.

Употреба на мобилен телефон

За време на возење во Грција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна до 100 ЕУР.

Поважни телефони

Полиција 100/112 Амбуланта 166 во Атина/ 112 Пожарна 199/112 Специјален број на туристичка полиција 171 ЕЛПА (инфо центар) 901 124 1600 ЕЛПА (аларм центар) 10400

Дозволено количество алкохол

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%, за нови возачи (дозвола до 2 години) и моторцилкисти 0,02%.

Потребни документи

За влез во Грција не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.

Задолжителна опрема за безбедност

Ремени: задолжително за сите седишта (казна 350 евра) Детски седишта: задолжително седиште за деца до 3 години, деца над 3 години, а пониски од 1,35м на задно седиште во детско седиште, постари од 12 г. и повисоки до 1,35 можат да користат ремени за возрасни Средно светло дење: задолжителни за моторцикли и мопеди. Прва помош сет: задолжително ПП апарат: задолжително Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: не e задолжителен, но препорачуваме. Зимска опрема:Нема определено, период од ноември до март. Синџирите за снег можат да се користат кога патишта се покриени со снег или мраз. Максималната брзина за автомобили со синџири е 50 km / h.