Во ВЕРО ЦЕНТАРОТ, утре ќе се одржи  традиционалната манифестација ″ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2017″.

Покровител на манифестацијата е Град Скопје, а организатор на настанот е Хуманитарната организација ХОА – Ангелчиња.

Граѓаните и посетителите на Скопје ќе имаат можност да уживаат во креациите на аматери и на професионалци од земјава и од странство, а годинава своето учество го најавија кандидати од осум држави. Тортите коишто ќе учествуваат на натпреварот по завршувањето на манифестацијата ќе бидат подарени на лицата со сензорна попреченост на видот.

Манифестацијата  како и изминатите години ќе биде поделена во два дела:

– ревијалниот дел од манифестацијата ќе се одржи од 12 до 15 часот, кога граѓаните ќе имаа можност да ги разгледаат изложените торти и изложбените штандови, ќе гласаат според нив за најдобрата торта, притоа уживајќи во богатата музичка програма,

– а официјалниот дел ќе трае од 15 до 16:30 часот, кога ќе се прогласат најдобрите изложбени штандови, а воедно и ќе се прогласат и победничите торти во двете категории кои ќе бидат наградени со симболични награди.

Овој проект произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2017 година.

Влезот на манифестацијата „ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2017″ ќе биде бесплатен.