Инспирација
9. јуни 2016 - 23:02

Најубавите роденденски пораки

Не трудете се премногу околу подарокот, бидејќи среќата, насмевката и емоциите кај славеникот многу полесно ќе ги повикате со некоја уникатна порака во роденденската честитка или sms порака. Еве неколку интересни идеи, кои се особено примамливи кај оние кои се заљубени.

Низ мојот живот минуваат луѓе и оставаат некоја трага, но ти си нешто навистина посебно. Илјадници луѓе слават роденден денес, но јас мислам само на тебе… Среќен роденден!

Во тивкото утро, кога птичка ќе ти го прекине сонот, а отчукувањето на часовникот ќе го означи твојот ден, од сè срце ти посакувам најсреќен и највесел роденден!

Нека првиот зрак ова утро те води годинава по патот на среќата,љубовта и успехот а,последниот вечерва нека ти донесе незаборавни ноќи со саканата личност.И кога на истиов ден за година, ќе се сетиш на убавите нешта кои си ги поминала сети се дека јас сум тука за повторно да ти посакам се најубаво да ти речам - СРЕЌЕН РОДЕНДЕН

Нека целата среќа на овој свет ти припаѓа тебе, нека твојата љубов му припаѓа на оној кој најмогу го сакаш, нека сè што е убаво - биде твое! Среќен роденден, срце мое!

Ви посакувам да го најдете она кое што го посакувате, да го познаете веднаш штом ќе го видите, да имате среќа да го добите и способност да го зачувате засекогаш до вас! Среќен роденден!

Ако некогаш солзата ти го замати окото или тагата ти го прикрие лицето сети се дека на овој свет постои некој, а не секој, секогаш, а не понекогаш, кој ќе се сети дека денес е твојот ден...СРЕЌЕН РОДЕНДЕН.

Нема зборови со кои можам да искажам што ти посакувам... Верувај во вистината, уживај во среќата, бори се и сакај ја онаа која што заслужува да биде сакана,
а пред се биди безгранично сакан .... СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!

Животот е премногу краток за да биде ситен,искористи го секој миг.Годините се само бројки.Не сонувај го животот...Живеј го својот сон! СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!

Голема е среќата некој да те запознае и да дели моменти со тебе, привилегија е да те гледа, чест е да те сака и да има покрај себе личност како тебе. Срекен роденден!

Понекогаш животот не доведува во искушение и предизвикува да заборавиме на се, па и на патот кој дома. Но во тие моменти кога минатотo е далеку, а иднината уште подалеку, останува да постои денес, а токму денес е твој ден, ден за убави работи. Среќен роденден!

Само отворен ум прима мудрост, само отворени раце примаат дарови, само отворено срце прима љубов и само најдрагите личности ја примаат оваа порака. Искрени честитки за најсреќен роденден.

Замисли нешто најубаво, најслатко, додади на тоа бесконечност, прошири го со вечност и украси го со ѕвезди. Само тогаш ќе знаеш што ти посакувам, Среќен роденден.