Најубавите Божиќни маркети низ Европа

Многу мали и поголеми градови во Европа ги имаат своите Божиќни маркети со кои се слави доаѓањето на Божиќ. Тие се исполнети со светилки, убава храна, греано вино и топла атмосфера.

Виена, Австрија

Магичната атмосфера во Виена е исполнета со 150 штандови каде посетителите можат да купат божиќни подароци, декорации и топли пијалоци.

Бат, Англија

Во централниот ден на овој универзитетски град, се наоѓаат 170 штандови со типични британски производи, играчки и декорации за Божиќ.

Дрезден, Германија

Дрезден го има најстариот божиќен маркет, кој содржи производи од локалните производители и занаетчии, играчки и Dresdner Stollen – традиционален сладок леб исполнет со суво овошје.

Талин, Естонија

Како дополнување на традиционалната храна која се продава во многу делови од градот, божиќниот маркет сместен во Естонискиот главен град, содржи и мала зоолошка градина и снежни скулптури.

Стразбур, Франција

Овој мал град е како домот на Божиќ. Стразбур го има еден од најубавите божиќни маркети – Christkindlesmarik, кој е воспоставен уште во 1571 година. Тој е прв од ваков вид во Европа. Богат со локални специјалитети, пиво, печени јадења, како и занаетчиски производи.

Стокхолм, Шведска

Овој дел од градот е еден од најубавите за Божиќ. Нуди плетени капи и шалови, специјалитети со пушено месо и традиционално, варено вино.

Будимпешта, Унгарија

Во Будимпешта, на божиќниот маркет сместен на Св. Стефан плоштадот, ќе најдете традиционални работи во дрвените штандови. Центарот на овој маркет е лизгалиштето.

Единбург, Шкотска

Овој маркет се случува на Princes Street Gardens и е дел од Божиќниот фестивал. Тој вклучува игри, лизгалиште и разни јадења и специјалитети. Трае до 7 јануари.