Вистинско богатство е да имаш сестра. Без оглед на тоа дали е постара или помлада, таа е твојата најдобра другарка до крај на животот.

Додека растете и се барате себеси, сестрата е секогаш тука за да ви го чува грбот. Таа е секогаш на ваша страна и никој не ве разбира како таа. Таа ќе се бори за вас во секој момент. Со сестрата сте нераскинливо поврзани и никој не може да ја замени.

Доколку имате сестра, разубавете и го денот со тоа што со неа ќе ги споделите овие прекрасни мисли за сестринската љубов...

„Таа стои цврсто на нозе, а јас сум веднаш зад неа во случај да и затребам.“
„Јас секогаш ќе имам другарка, затоа што имам сестра.“
„Можеби нема секогаш да можам да ги решам сите твои проблеми, но ти ветувам дека нема да мораш сама да се соочуваш со нив.“
„Сестрата е најдобриот подарок кој родителите ни го имаат дадено.“
„Една до друга или раздалечени со километри – сестрите секогаш ќе бидат поврзани преку срцето.“
„Секогаш моја сестра, засекогаш моја пријателка.“
„Ти си ми најдрагата личност во историјата на светот.“
„Бог ни ги прати како сестри, нашите срца ги направија најдобри другарки.“
„Нашите патишта можат да се променат, но нашата поврзаност секогаш ќе остане силна.“
„Лојална сестра вреди за 1000 пријатели.“
„Нема подобра другарка од сестрата и не постои подобра сестра од тебе.“
„Те сакам повеќе од вчера. Вчера ми одеше на нерви.“
„Не постои проблем со кој сестрата не може да соочи, избори, да скова план против него, да го игнорира, да го исмее или да го потопи во чоколадно млеко.“
„Таа има оган во душата и грациозност во срцето.“
„Единственото нешто подобро од фактот дека си ми сестра е тоа што еден ден ќе бидеш тетка на моето дете.“
„Сестрата е дел од детството кој никогаш не можеш да го изгубиш.“
„Сестрите се различни цветови од иста градина.“