Најнови детали за сообраќајната несреќа: Автобус сопственост на „Бус Травел“ се преврте кај Велес

Прочитајте: Расте бројот на повредени во сообраќајката кај Велес

Сообраќајна несреќа се случила околу 19 часот во близина на зимскиот пункт Кула. Во неа според досегашните информации повредени се 25 патници по превртување на туристички автобус.

Според последните информации до кои дојде Скопје Инфо станува збор за автобус на „Бус Травел„ ангажиран од „Савана Турс“, а управуван од лицето А.Н. Бројот на патниците кои се превезувале во автобусот се движи помеѓу 20-30.

Според последните полициски информации дел од патниците се упатени во Медицинскиот центар во Велес, а дел од нив во здравствените установи во Скопје.

Увидот сеуште е во тек, а сообраќајот е во прекин.