Најмоќни цитати на сите времиња: Вчера е историја, утре е мистерија, денешниот ден е дар од Бог

Овие внимателно одбрани зборови имаат моќ да ви го разубават денот, да ве мотивираат или пак да ве натераат да се замислите.

Секој е генијалец. Но, ако ја судиме рибата врз основа на нејзината способност да се качува на стебло, тогаш таа целиот живот ќе го помине мислејќи дека е глупава. / Алберт Ајнштајн

Ако барате среќа за другите, прво најдете ја за себе.  – непознат автор

Морате да бидете промената која сакате да ја видите во животот.  – Ганди

Умот на кој му е понудено ново искуство никогаш не може да се врати во својата стара димензија.  – Оливер Вендел Холмс

Животот е едноставен, но ние постојано се трудиме да го комплицираме.  – Конфучие

Единствен начин на кој можеме да живееме е да растеме. Единствен начин на кој можеме да растеме е да се менуваме. Единствениот начин за да се промениме е да учиме. – Ц. Џоибел

Ако нешто не ви се допаѓа, променете го. Ако не можете да го промените, сменете го начинот на којшто гледате на тоа. – Мери Енгелбреит

Многу луѓе не слушаат со намера да слушнат, туку да кажат што имаат.  – Стивен Ковеј

Не е сиромаштија да се биде гладен, гол и без дом, туку да се биде несакан и занемарен.  – Мајка Тереза

Вчера е историја, утре е мистерија, денешниот ден е дар од Бог.  – Бил Кејн