Најмалку реклами, најинтересна држава – Што се’ има во Македонија?

Лоцирана на крстопат меѓу Истокот и Западот, оваа мала земја е како ковчеже со скапоцености, полно со историски и природни чуда, пишува "National Geographic- Бугарија".

Македонија е веројатно една од најинтересните, но најмалку рекламираните земји во светот. Во неа има мешавина од персиско, грчко, римско, отоманско, српско и советско влијание. Покрај заоблените куполи на христијанските цркви ги гледаме и минарињата на џамиите, а високите планини се издигаат над задскриените села и блескавите езера.

Еве неколку места, кои можете да ги посетите и неколку работи кои може да ги направи таму.

1. Да се искачите на врвот Љуботен на Шар Планина

Висок е 2498 метри и се наоѓа на северозападниот дел на Македонија. На него можете да се искачите за околу пет часа.

2. Прошетајте го Скопје 

Во главниот град живеат малку над половина милион луѓе и градот е мешавина помеѓу старото и новото. Првата знаменитост која го привлекува погледот, е Милениумскиот крст, кој ја краси планината Водно. До врвот на крстот има лифт.

Вреди да ја посетите и тврдината која датира од шестиот век пред Христа. На централниот плоштад може да уживаат во уникатната мешавина од архитектонски стилови. Минете го Камениот мост и разгледајте ја Старата скопска чаршија. Низ чаршијата има тесни улици со калдрма и дуќани од дванаесеттиот век.

3. Изберете си пештера

Карстниот релјеф на Македонија наликува на швајцарско сирење: во земјата има повеќе од 300 пештери. Една од најинтересните е Горна Слатинска – лавиринт низ кој може да се помине само ползејќи.

4. Карпи за качување и со кајак низ кањонот "Матка"

На помалку од 16 километри од главниот град Скопје се наоѓа кањонот "Матка", кадешто реката Треска се провира низ варовничките карпи и се влева во езерото Матка. Овде можете да најмите кајак, а реонот е и магнет за љубителите на качување.

5. Посетете го националниот парк "Маврово"

Тоа е најголемиот национален парк во земјата. Тука се наоѓа и нејзиниот највисок врв – врвот Кораб со височина 2763 метри. Исклучително биоразновиден: се сретнуваат мечки, рисови, волци, елени и 129 видови птици.

6. Претопете се во историјата на Охрид

Регионот има средоземноморски вкус. Езерото, кое е едно од најстарите во светот, е опкружено со ридови на градот Охрид, кадешто живеат околу 56.000 луѓе. Градот Охрид е едно од најстарите населени места во Европа и заедно со целиот регион е вклучен во Листата на УНЕСКО. Во градот има десетици историски цркви и манастири.

7. Параглајдинг над Крушево

Највисокиот град во Македонија се наоѓа на 1340 метри н.в. над Пелагониската низина. Уникатната местоположба создава извонредни услови за параглајдинг и небото над градот често е начичканo со раширени крилја. Условите се толку погодини за спортот, што во 2016 година Светската организација за воздушни спортови го организираше Европското првенство во параглајдинг тука.

8. Посетете ја Шарената џамија во Тетово

Ремек делото датира од петнаесеттиот век и пред него бледнеат сите верски објекти во Македонија.

9. Уживајте во храната и пијалаците

Едно е сигурно – во Македонија нема да останете гладни. Кујната е мешавина од турско, средоземноморско и балканско влијание. Меѓу типичните јадења се: бурек, ајвар, шопска салата, грав, полнети пиперки, јагнешко печено и локално вино и ракија.

10. Излезете "на кафе"

Во Македонија тоа е код за кафе, пиво, вечера или дури едноставно излегување. Македонците сакаат да комуницираат и да се дружат.