Најлошото нешто што можете да го направите во текот на сексот

Се додека мажот и жената се забавуваат за време на сексот и уживаат во тоа нема ништо лошо, но има ситуации кои не треба да се прават за време на сексот.

1. Да се досадувате

Едно од уживањата кои сексот ги носи е тоа што можете да уживате заедно со партнерот или партнерката. Ако се однесувате како да ви е досадно, тоа не влијае добро на изведбата ниту пак на самодовербата на партнерот/партнерката.

2. Поставувате премногу прашања

"Добро е?, Уживаш?, ШТо сега?, Ти се допаѓа ова?", значи во ред е да поставите по некое прашање, но ако за време на сексот нижете прашања едно по друго, тешко дека ќе дојдете до стадиумот секс.

3. Се јавувате на телефон

Ако се јавувате на телефон за време на секс, тогаш воопшто не заслужувате секс.

4. Потивко не може

Едно е да се биде тивок за време на сексот за да не ве слушнат во соседната соба, но ако сте толку тивки што партнерот ќе се обиде да ви го провери пулсот, тоа е веќе застрашувачко.

5. Разговарате за тоа како другите имаат секс

Ова е навистина последното нешто што некој би сакал да го слуша за време на сексот.

6. Не прашувајте за заштита пред сексот

Без разлика дали партнерката зема контрацепција, секогаш треба да се размислува и за другите работи како што се половите болести. Ова е тема која треба да ја појасните уште пред да се впуштите во сексуален однос со некого.