Најлошите фрази при завршувањето на врската и што значат тие?

Раскинувањата се секогаш тешки, особено поради тоа што најчесто едната страна е повредена. Иако не постои најдобар начин како да се заврши врската, сепак постојат некои реченици кои се клише и се многу далеку од вистината.

Не можам да се посветам на ова сега

Ова е реченица која навистина има моќ да ве полуди. Тоа е голема лага бидејќи да сакале да бидат со вас, ќе биле со вас. Тоа нема никаква поврзаност со посветеноста или пак стравот да се биде во врска. Тие сакаат да пренесат дека е така, но во следниот момент ќе сретнат личност со која можат да ги прават сите оние нешта кои не ги правеле со вас.

Затоа, ако ги слушнете како ви го велат ова и неколку месеци подоцна видите дека се во најсреќната врска, не се нервирајте со мислите и прашањата што сте направиле погрешно. Треба да знаете дека не можете да го смените нивниот ум никако и дека едноставно станува збор за лоша и добра комбинација на две личности. Колку побрзо ја прифатите вистината, толку полесно ќе продолжите понатаму.

Те сакам, но не сум заљубен/а во тебе.

Тие најверојатно ја кажуваат вистината. Иако постојат и такви луѓе, голем дел не би рекле дека ве сакаат ако не го мислат тоа. проблемот лежи во тоа што тоа не е иста љубов. Кога се борите со ваквиот начин на завршување на врската,  тоа е тешко бидејќи мислите дека сте биле на границата да бидете сакани и да имате вистинска љубов. Сепак, треба да знаете дека голем дел од луѓето остануваат во врските мислејќи дека таквата љубов е доволна, но по неколку години или по стапувањето во брак сфаќаат дека тоа не е тоа. Затоа, гледајте ја добрата страна – добро е што нештата завршиле така и барем побрзо.

Морам да се посветам на себеси во овој момент

Да се биде во здрава и убава врска не значи да се откажеме од тоа да бидеме свои и независни. Напротив, најсилните и најдобрите врски се оние каде двајцата партнери навистина се познаваат себеси, но и кои ја имаат слободата да се посветат на себеси и на останатиот живот настрана од врската. Многу треба да бидете внимателни да не западнете во стапица кога ќе го слушнете ова, затоа што можеби ќе помислите дека личноста ќе ви се врати штом се посвети на себе, но тоа можеби ќе се случи а можеби и не. Тоа што е важно е да размислите дали сакате личност која на сметка на својата независност, ја прекинува врската мислејќи дека вие барате премногу.

Не ги чекајте да решат дали сакаат да бидат со вас, бидејќи штом еднаш го направиле ова, можеби и повторно ќе им биде потребна слична пауза или потреба да се посветат на себе.  Ако врската навистина е добра, тогаш и двајцата партнери во неа ќе најдат простор да си се посветат на себеси.

Нештата се одвиваат пребрзо за мене

Не постои точна, универзална брзина според која треба да се движи врската. Тоа е така бидејќи секоја личност се заљубува на различен начин и за многу од луѓето повеќе работи се одвиваат во нивниот живот, кои им се навистина важни. Тоа што е важно во овој момент е да се најде заедничка динамика за да се продолжи понатаму или пак да се прекине врската, доколку ставовите на двајцата партнери се разидуваат.

Не е до тебе, до мене е.

Знаеме дека ова е една од најчестите фрази кои ги слушаме при завршувањето на голем дел од врските. Тоа е можеби така бидејќи некако најлесно е да се каже дека другата личност не е виновна за раскинувањето и иако тоа можеби е вистина, сепак ова е нешто што е најизлишната фраза која можеме да ја слушнеме кога раскинуваме со некој кој ни значи.

Не гледам иднина со тебе

Ова е навистина болно. Тоа боли како шлаканица, без оглед на начинот на којшто ќе биде кажано. Најважното во оваа ситуација е да не се опседнувате со тоа што би можеле да смените кај себе за тие да посакаат иднина со вас. Тие едноставно не гледаат иднина со вас, а тоа најчесто е резултат на лошата комбинација меѓу две личности и различните ставови и сфаќања. Најдоброто нешто што можете да го направите во ваква ситуација е да ја држите главата горе и да продолжите со својот живот. Воопшто нема да биде лесно и ќе боли, но тоа ќе ви помогне да не седите во врска со личност која никогаш не би стапила во брак со вас или пак не би помислила на посериозна врска.