Најлоши луѓе се матните луѓе...

Најлоши се матните слики и матните луѓе.
Оние кои зборуваат со тебе, а не те гледаат во очи.
Оние кои имаат сто комбинации, а сите од нив се лажни.
Оние кои ти ласкаат и ти даваат комплименти.
Оние кои ти подаваат млитава рака,
безживотна лигња која се топи под твоите прсти.
Сите матни луѓе кои јас ги имам запознаето, секогаш некаде патуваат.
Но, не се поместуваат од место.
Сите матни луѓе кои ги имам запознаето – не прават ништо.
Но, вечно се зафатени. Недостапни.
Сите матни луѓе кои сум ги запознала – не ги (за)познавам повеќе.
Тоа е добро за нив, а уште подобро за мене.