Најкратките приказни кои будат најсилни чувства!

Ернест Хемингвеј ја има напишано најпозната кратка приказна, која има само шест збора, а ќе можете да ја прочитате подолу. Оттогаш, овој експеримент има инспирирано безброј писатели, но и обично луѓе да се обидат и самите да напишат приказни кои имаат само неколку зборови или една реченица и кои успеваат да ве трогнат исто како да сте прочитале книга од 400 страни.

За денес собравме неколку такви најкратки приказни, кои веруваме дека ќе ви се допаднат и ќе ви ги разбудат чувствата.

„Се гледаме утре. Познати последни зборови.“
„Збогум, контролна кула. Ви благодарам за обидот.“
„Гугл, зошто сум толку осамен?“
„Странци. Пријатели. Најдобри пријатели. Љубовници. Странци.“
„Неодамна, јас станав единец во семејството.“
„Таа е поема. Тој не знае да чита.“
„На продажба: бебешки чевли, никогаш носени.“ – Ернест Хемингвеј
„Мама ме научи како да се бричам.“
„Дома донесов рози. Клучевите не влегуваа во бравата.“
„Најмалите ковчези се најтешки.“
„Замислен возрасен живот. Добиен возрасен живот. Изгубена фантазија.“
„Го видов сопствениот одраз од огледало како намигнува.“
„Мајката вресна. Бебето вресна. Се роди сираче.“
„Сири, избриши ја мајка ми од контактите.“
„Меѓународен плејбој. Маса за еден, ве молам.“
„Тој ја пронајде својата сродна душа. Таа не.“