Најкратката приказна за најголемите љубови...

Не ми пиша за роденден.

Не ти пишав, заборавив. Бев во хаос.

Чудно е, цел ден чекав порака.

Извини.

Ова е првпат да не ми пишеш.

Не е првпат, само не ти текнува.

Кога?

Тогаш кога беше премногу среќен за да забележиш дека не стигнала порака.

Лажеш.

Зошто би лажела?

Затоа што не е возможно да бидам толку среќен за да не забележам дека си ме заборавила.