Најистакнатите артисти од домашната електронска сцена на Green Beach Festival

GREEN BEACH FESTIVAL, најголемиот фестивал на електронската музика кај нас, годинава ќе се одржи по седми пат и тоа со најбогата програма досега, на 30 и 31 јули. Локацијата е традиоционално плажата Парк во Охрид, каде нѐ очекува препознатливиот грандиозен подиум на највозбудливата летна журка.

Покрај најдобрата поунда на светски етаблирани изведувачи како што се AME, DUBFIRE, BLACK COFFEE и JAMES ZABIELA, подеднакво атрактивна е и листата со 10 од најистакнатите домашни артисти со кои Green Beach Festival оваа година ја збогатува својата програма. Во овој дел од програмата, на GREEN BEACH FESTIVAL со свој сет ќе се претстават АЛЕКСАНДАР ВИДИНОВСКИ, ГОРАН КАН, ИЛИНА АНГЕЛ, LEPHONQ, МАРЈАН СТОЈАНОВИЌ – МАЦИ, МИРКО ПОПОВ, НИКИФОР, СТОЈЧЕ, ТОМИ БОЈАЏИи ФЛУДЕР.

Со вкупно 14 изведувачи, GREEN BEACH FESTIVAL на 30 и 31 јули во Охридветува врвно доживување и уште едно моќно издание на омилениот летен настан за фановите на електронската музика.

РАСПРОДАДЕНИ СЕ ПРОМОТИВНИТЕ БИЛЕТИ ЗА GREEN BEACH FESTIVAL! СТАРТУВА ОНЛАЈН АКЦИЈАТА „4+1“!

Промотивните билети за седмото издание на GREEN BEACH FESTIVAL се целосно распродадени и стартува претпродажбата на билетите со цени кои ќе важат сѐ до датумот на одржување на фестивалот. Од денес (25 јули) се спроведува и онлајн акцијата „4+1“ за групно купување на влезници. Во рамки на оваа акција секој кој ќе купи 4 влезници за фестивалот, добива уште една, петта влезница на подарок. Акцијата „4+1“ важи само за онлајн купувањето на билетите, преку овој линк: mktickets.mk/gbf_7

Влезниците за GREEN BEACH FESTIVAL во претпродажба се достапни преку продажната мрежа на МКтикетс.