Најголемите пораки и желби од Тоше Проески

И толку години по неговата смрт, Тоше Проески ќе остане на непребол. Скромното и талентирано момче постојано носеше ведрина и добрина, секому подаваше рака, а ова се и дел од неговите најемотивни пораки.

-Секоја жена на овој свет заслужува, барем во очите на еден маж во еден момент, во една секунда, макар тоа било и само еднаш во животот, да се почувствува најпосакуваната жена на светот и ако цел живот ми помине во тоа, ќе знам дека не сум го протрошил залудно.

-Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.

-Цел свет е убав кога си насмеан. Кога си нерасположен, те нервира и сончев ден.

Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.

-Никогаш не би се откажал од пријателите. Секогаш би бил со нив. Во добро и во зло. Во добро да се радувам, во зло да помогнам.

-За мене е незамисливо некој кој може да пружи нешто на оние кои имаат малку или воопшто, затвора очи и не пружа ништо.

-За љубов би се борел до крај. За љубовта на личност што ми е драга, било да се работи за член на семејството, девојка или пријател. За љубов сум спремен на сè!

-Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва... Tогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ.