Најголемите лекции во животот ги учиме кога не можеме да се потпреме на никого освен себеси

Во тешките моменти се потребни луѓе на кои можеме да се потпреме, бидејќи тие ни даваат пореална перспектива за работите низ кои поминуваме. Но, понекогаш се вртиме околу себе и забележуваме дека нема никој и мораме сами да се соочиме со сите работи.

Притоа, ги учиме овие лекции.

1. Понекогаш можеш да се обидеш некому да објасниш нешто,  но луѓето тоа го сфаќаат дури кога истото ќе им се случи ним.

2. Сфаќаш дека на крајот можеш да си помогнеш само себеси и тогаш активно почнуваш да ги решават своите проблеми.

3. Полесно ти е да не разговараш за некои работи бидејќи потсвесно знаеш дека никому не го интересира тоа.

4. Сфаќаш кому му е грижа за тебе, а кој глуми. Во тешки времиња се познаваат вистинските пријатели.

5. Разбираш дека некој од твоите најдобри пријатели не те познаваат во вистинско светло, туку само делови од тебе. Те сакаат кога си среќен, но не и кога си тажен.

6. Почнуваш да бараш одговори, наместо да бегаш од проблемите. Ги бараш решенијата во себе, а не во другите.

7. Научуваш како да изградиш одговорност за својот живот. Ако нешто погрешиш, не ги обвинуваш другите луѓе за својот неуспех.

8. На тежок начин учиш како да се прифатиш себеси.

9. Почнуваш да сфаќаш дека секоја личност има некаква улога во твојот живот, но некои луѓе не ја заслужуваат најважната улога. Некои се само тука привремено.