“Најголемиот шоумен” со Хју Џекмен наскоро во македонските кина

“Најголемиот шоумен” (The Greatest Showman) е наслов на најновиот филм на американскиот актер Хју Џекмен во режија на Мајкл Грејси, кој публиката ќе има можност да го гледа од 20 декември.

Ова филмско остварување ќе биде вистинска посластица за фановите кои го обожуваат Мулен Руж. Тогаш, доколку Мулен Руж (Моулен Роуге) ви е на листата на најомилени филмови, а истовремено сте и фан на шармантниот Хју Џекмен, морате да го погледнете и најновото остварување.

За што станува збор? Филмот е сниман според вистинска приказна за познатиот забавувач и директор на циркусот П.Т. Барнумом, кој го глуми Хју Џекмен. “Најголемиот шоумен” на некој начин покажува каков би бил Мулен Руж доколку во него играл Хју Џекмен.

Покрај Хју, во филмот се појавуваат Мишел Вилијамс, Зек Ефрон и Зендаја на која феноменално и стои розовата коса додека ги изведува нејзините точки.