Најголемиот грев во животот е да не го живееш доволно

Цел живот нѐ учат за природата на негативноста и природата на гревот, но никој досега не ни кажал дека еден од најголемите гревови е неиживеаниот живот. Испратени сме на овој свет да живееме во сѐ она што се буди во нас и доаѓа во нашиот живот.

Има многу луѓе кои не ги живеат своите животи онака како што заслижуваат. Многу работи кои ги одвраќаат од остварување на нивните соништа се погрешни. Тоа се само слики, привиди во нивните мисли. Не смееме да дозволиме нашите стравови или очекувањата од другите да управуваат со нашата судбина.

Привилегирани сме со тоа што сѐ уште имаме време. Имаме живот и срамота е да го ограничиме од страв и погрешни мисли.

Понекогаш не го живееме животот кој го сакаме туку животот кој се очекува од нас. Обликот на секоја душа е различен. Постои тајна судбина за секоја личност. Кога се обидувате да ги копирате другите, ја издавате сопствената личност. Треба да ги разбудиме децата во нас. Кога повторно ќе ја откриеме нашата детинеста природа, влегуваме во свет со многу можности. Потоа ќе се пронајдеме себеси и ќе доживееме радост, среќа и убавини. Погрешните товари ќе исчезнат. Доаѓаме во ритам самите со себе. И ние повторно ќе научиме да живееме на овој прекрасен свет.

cheap nike air max 90