Најголеми лаги за маслото за сончање

Каде и да побарате информации за производите за заштита од сонцето, ќе добиете различни податоци. Во суштина, најголем дел од нив ја извртуваат вистината, за да Ви продадат некој производ. Ова се петте најголеми лаги поврзани со маслото (или млекото) за сончање.

Заштитата од рак на кожата не е стопроцентна

Стандардите за производи за заштита од сонце диктираат тестирање за УВ Б зраците што предизвикуваат изгореници, но не и за УВ А зраците што предизвикуваат рак на кожата.

Постојат одредени истражувања кои велат дека и најефикасните заштитни производи можат да содржат макар и траги од состојки што всушност го забрзуваат развојот на ракот – па затоа, секогаш внимателно одбирајте.

Не сите производи заштитуваат еднакво

Не сите производи за заштита од сонце имаат еднакви ефекти, бидејќи не сите заштитуваат и од УВ А и УВ Б зраци.

Сепак, според новите правила, производите за оваа намена ќе мора да имаат истакнато, на видливо место на етикетата, дали штитат само од изгореници, од рак на кожата или пак даваат целосна заштита.

Не купувајте „водоотпорни“ и „отпорни на пот“

Не ги купувајте маркетинг триковите. Во иднина овие тврдења веројатно ќе бидат забранети како реклама, бидејќи, благо кажано, се претерани.

„Отпорноста на вода“ не е трајна

Кога нанесувате „водоотпорен“ производ и потоа ќе влезете во вода, јасно Ви е дека по некое време ќе мора да нанесете нов слој. Проблемот настанува поради тоа што не знаете кога треба да го нанесете новиот слој.

Во иднина, оние производи што ќе тврдат дека се водоотпорни, ќе мора да назначат и за колку време се однесува тоа тврдење.

Заштитните фактори се бескорисни

Заштитниот фактор наведен на етикетата треба да биде индикатор за изложеноста на сонце потребна за да се предизвикаат изгореници на заштитената кожа. Истражувањата покажале дека тврдењата не се најточни.

Затоа во иднина се препорачува да се ограничи вредноста на факторот на 50, освен ако компаниите не направат истражувања со кои ќе докажат дека факторот е 75 или 100.