Најголемата тајна на созревањето: Не можеме да ги испланираме сите нешта во животот

Додека сме во нашите тинејџерски години, одвај чекаме да пораснеме. Но, штом наполниме 18 години сфаќаме дека не се крие голема тајна во тој период во животот. Напротив, тоа е период полн со предизвици. Мислиме дека дотогаш ќе успееме да научиме многу, да ги откриеме животните тајни. Но, воопшто не е така.

Колку и да сакаме да планираме, тоа е навистина тешко во животот. Не можеме да ги испланираме, ниту пак контролираме сите нешта во нашите животи. Понекогаш, само треба да бидеме спонтани, да се препуштиме и да дозволиме нештата да се случат. Тоа не значи дека мораме да го прифатиме текот на животот онаков каков што ни е даден и да мислиме дека судбината или времето ќе ни ги среди работите, туку едноставно да прифатиме дека не можеме да испланираме и исконтролираме сè што ни се случува.

Голем дел од луѓето секогаш прашуваат: Кога свадба? Што ќе правиш откако дипломираш? Кои се твоите следни планови? Тие се всушност најтешките прашања на кои често не само што немаме одговор, туку кои нè преплашуваат бидејќи иднината ни изгледа премногу неизвесна.

Нашите родители често имаат очекувања од нас, често и самите имаме премногу очекувања од себеси, а уште почесто не успеваме да ги исполниме таквите очекувања. Но, тоа не значи дека нашето созревање не  е во ред или дека треба да се откажеме. Всушност, ретко кој од луѓето имаат едноставен тек на животот во кој добиваат сè што ќе посакаат.

Времето е концепт кој само ни ја зголемува нервозата. Постојано сакаме да сме под контрола на времето и работите во нашиот живот, но само си создаваме стрес и паника. Се потсетуваме постојано на одлуките кои мораме да ги донесеме, на одлуките кои ги донесовме а кои можеби не беа најдобри на нас и се плашиме од иднината. Ни изгледа како никогаш да немаме доволно време.

Живееме во време кога често е срамота да кажеш дека не знаеш нешто. Или дека не знаеш што сакаш да правиш, што сакаш да постигнеш. Живееме животи во кои често точно мораме да знаеме што сакаме, да работиме напорно, да бидеме секаде.

Најважно од сè на светот е да живееме едноставен живот, да не дозволуваме стресот да нè победи. Да си признаеме себеси кога нешто сме згрешиле, да не се стресуваме кога нешто не знаеме. Животот е за живеење. Во него треба да постојат соништа и цели, но не смееме да дозволиме да го изгубиме балансот.