Најголемата промена што треба да ја направиме? Да се сакаме себеси

Низ животот треба да се движиме и напредуваме постојано. Ако застане, се чини како да се вртиме во круг и како да стагнираме, или пак деградираме. Како да се одалечуваме од себе и од тоа што го сакаме.

Тоа најчесто се случува кога минуваме низ хаос, или пак кога себеси се ставаме на последно место и повеќе се грижиме за среќата и успехот на другите луѓе.

Но, треба да си бидеме центар на својот свет. Секогаш.

Тоа не е себичност, туку грижа и љубов за себеси. Подготвеност за движење и промени, свесност за ритамот на животот. И онака не можеме да го запреме времето, не можеме ниту да го бркаме, но можеме да бидеме тука. Тука за себе.

Да живееме и да се сакаме себеси не значи да се одалечуваме од другите луѓе, не значи веќе да не ги слушаме ниту пак да се грижиме за нив. Тоа значи само љубов кон себеси и свесност за тоа што го имаме, што го посакуваме и сакаме да го постигнеме.

Ставајќи се себеси во центарот на својот свет ќе сфатиме колку не сме им важни на некои луѓе и дека треба да ги пуштиме да си одат. Ќе сфатиме што сакаме и што не сакаме, и уште поважно: каде треба да се движиме. Ќе го прифатиме минатото такво какво што е, правиме место за нови работи.

Секоја промена е тешка, но да се сакаме себеси е најголемата промена која треба да ја направиме. Вие не сте жртва на околностите, туку центар на својот универзум. Чувствувајте се така, бидете така.