Најголемата лага за сексот

Докажано е дека тврдењето дека сексот е добра замена за вежбање всушност е само мит… 

Најновите студии покажуваат дека секој просечен секс трае шест минути при што се трошат околу 21 калорија. Во случај да имате среќа и вашиот секс да трае половина час, ќе потрошите од 80 до 100 калории. Секако дека е подобро да се потроши нешто отколку ништо, но се чини дека теоријата за стотина калории што ќе се потрошат за време на сексот сепак не „држи вода“.

Меѓутоа, сексот сепак има и свои предности бидејќи го подобрува вашето расположение, го прави вашиот сон подобар, кожата подолго ви останува млада и со подобра циркулација, а ви дава и животен елан бидејќи во текот на сексот се ослободува хормонот на среќа…

Но не дозволувајте оваа вест да ве растажи! Можеби сексот не е најефикасниот начин за да се потрошат калории, но секако има свои предности.