Најголемата исламска рок-ѕвезда со концерт во Скопје

Сами Јусуф, голема британска ѕвезда или уште попознат како „најголемата исламска рок-ѕвезда“, ќе одржи целовечерен концерт во Скопје, на 3 септември, во арената „Филип Втори“, со почеток во 20 часот.

„Гардијан“ го нарекува „најголемата британска ѕвезда од Блискиот Исток“, но сепак неговата хуманост ги надминува границите на неговата слава и тој е надалеку познат како амбасадор на ОН на борбата против гладот на глобално ниво.

Сами Јусуф е промотор на светскиот мир. Неговиот силен и чист глас е лесно препознатлив, но освен вокални способности, тој е и добар инструменталист, композитор, аранжер...

Досега има продадено над 34 милиони копии од неговите албуми. Неговата музика е длабоко спиритуална, а во неговите текстови секогаш се пропагира за светскиот мир и љубов.