Најголем дел од врските во денешно време завршуваат на овој начин

Новите истражувања покажуваат пораст на овој тренд, кој е еден од најлошите начини за завршување на една врска, без оглед на нејзината сериозност.

Се сеќававте кога со денови се мачевте да ја прекинете врската на најможниот безболен начин?

Изгледа дека тоа време е далеку позади нас, бидејќи според последните податоци од истражувањата врските веќе не се прекинуваат со мирен и искрен разговор, или со трескање врати, ниту пак телефонски разговор или смс. Во последно време, еден од партнерите исчезнува како дух.

Според истражувањата, дури 80% од луѓето  на возраст  од 18-33 години досега се соочиле со една ситуација, мислејќи дека нештата се добри, се додека другата личност не се јавила веќе повторно. Дополнителни податоци од ова истражување покажуваат дека луѓето кои го направиле тоа сметале дека тоа е најбезболниот начин, но тоа воопшто не е така.