Најглупави изговори за невежбање од кои мораме да се ослободиме

Навистина е тешко да се организираме и решиме да вежбаме, затоа што навистина е лесно да се пронајде причина за лежење пред телевизорот. Ги одвоивме најчестите и најглупави изговори за невежбање за да ви дадеме поттик да се освестите, да се ослободите од нив, да облечете патики и конечно да почнете да вежбате.

Уморен/а сум

Ова е најчестиот изговор за невежбање. Секогаш мислиме дека после напорен ден, последно нешто што ни треба е преоблекување, потење и напор. Многу попривлечно е да се опуштиме со чаша пиво на каучот, но она чувство после вежбањето не може ништо да го замени!

Имам... некоја... работа

Продолженото и понекогаш хаотично време е идеален изговор за невежбање. А треба и малку да се подружиме со пријателите. Наспроти тоа, со малку труд, можете да пронајдете барем 45 минути за вашето тело. Со оглед на тоа колку го малтретираме со постојано седење на столче, нашето тело заслужило малку да се истегне и зацврсти. 

Утре ќе одам 

Класика. Но, ако не одите денес, нема да одите ни утре. Ниту следна недела, ниту следниот месец.

Дебел/а сум

Со овој изговор се создава затворен круг во кој не можете да победите. Ако мислите дека некој ќе ги коментира вашите колкови или стомак, навистина се лажете. Сите сме несигурни во врска со нашиот изглед, но токму тоа е поентата на вежбањето, да се чувствуваме подобро. 

Не сум доволно среден/а

Никогаш не знаеш кој те гледа. А во суштина, никој не те гледа, секој си ужива во своето време. 

Веќе вежбав

Толку активности можете да направите во текот на денот: Качување по скали, домашни обврски, итн., зарем не? Ова е навистина излитен изговор.

Денес не јадев многу

На некои луѓе ова им е одличен изговор. Слабеењето со помош на нејадење не е пожелно, ниту здраво, а и резултатите се само привремени. 

Ме боли главата

Знаеме за што сѐ се користи тој изговор. Но, немојте да го користите ни во тие моменти, ниту пак кога станува збор за вежбање. 

Колегите од работа одат во таа теретана

Да, во ред, сфаќаме дека не сакате колегите да ве гледаат како се потите, но не постои само една теретана во градот.