Најгледаниот светски мјузкл "Мама Миа" на сцената на МНТ

ТЕДИ Медиа Груп го најавува почетокот на продажба на билети за настанот кој ќе ја одбележи 2016 година.

Ексклузивно и премиерно во Македонија проследете го најгледаниот светски мјузикал "Мама Миа". Безвременските хитови на АББА заедно со одличната актерска екипа ќе ви приредат незаборавен спектакл внесувајќи нова свежина на македонската културна сцена.

Премиерата ќе се одржи на 10.03.2016 (четврток) во 20:00 часот во МНТ а вашето место можете да го обезбедите преку МК Тикетс, билетарата на МНТ или директно во Теди Медиа Груп.

Организаторите најавуваат големо, позитивно и пред се вистински незаборавно дружење