СОСТОЈКИ:
1/2 л млеко
2 пудинга од ванила
7 лажици шеќер
300 гр кокос
250 гр маргарин
250 гр шеќер во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На оган сварете ги пудинзите од ванила со млекото и шеќерот. Се додава и кокосот и се меша.
Потоа се додава и маргаринот кој претходно со миксер ќе го изматите заедно со шеќерот во прав .
Сè добро се соединува, па се лади и се формираат бомбици.
По избор, можете и во секоја на средината да втиснете половина парче лешник.
На крај, убаво се поминуваат од сите страни во чинија со кокос.
Уживајте во овој вкусен десерт