Најефикасни методи за лечење и обновување на телото: Потребни ви се само неколку минути

Овие методи можат значајно да го подобрат вашето здравје. Потребни ви се само неколку минути дневно. 

Станува збор за ајувердски пристап кон обновување на телото. Дури и Светската здравствена организација го препозна огромното значење. Ајурведата помага за хармонија на умот, телото и душата користејќи техники кои се докажани со векови.

Утро – чистење на јазикот 

За оваа техника потребни ви се само 30 секунди. По миењето на забите, со другата страна на четката, само тргнете ги наслагите од јазикот. Ако тоа го правите редовно, ваквиот метод може да ви помогне за здравјето на жолчката и бубрезите. Треба да знаете дека наслагите на јазикот содржат многу токсини и штетни материи, кои треба да се отстрануваат барем еднаш дневно.

Измијте ја усната шуплина со сусамово масло

Потребни ви се 2 минути за оваа постапка. Откако ќе го исчистите јазикот, исперете ја усната шуплина со природно сусамово масло, а потоа со обична топла вода. Ова масло  е богато со киселини кои го нормализираат ацидобазниот баланс во устата, а исто така помагаат и во подобрување на здравјето на забите.

Пиење топла вода

Провријте пола литар вода, а потоа ставете ја во термос и пијте со мали голтки во должина од половина час. Оваа вода ги исфрла токсините од телото.

Опуштено дишење

Потребни ви се 2 минути. Дишете низ нос, задржете го здивот, а потоа воздивнете. Исчистете го умот од негативните мисли и фокусирајте се на дишењето. Повторувајте ја оваа вежба додека не се опуштите.