Најефикасен топол напиток за болно грло

Многу чаеви и напитоци кои помагаат за болно грло немаат најдобар вкус, но сепак ги конзумираме бидејќи ни помагаат да се чувствуваме подобро.  Но, овој домашен напиток е одличен против болката во грлото, а освен тоа е и многу вкусен.

Потребни состојки:

1 шолја млеко

½ лажичка цимет

½ лажичка ѓумбир во прав

1 лажица мед

Начин на подготовка:

Ставете го млекото во ѓезве или мал сад и стоплете го додека не почне да врие. Додадете ги останатите состојки (циметот, ѓумбирот и медот).

Или пак, ставете ги сите состојки во шолја и стоплете ги во микробранова на 1-2 минути, зависно од микробрановата.

Испијте го топло.