Најдоброто овошје во текот на зимата

Секое годишно време со себе носи овошје и зеленчук кое одговара на сезоната. Тоа е и начинот на кој природата нѐ потсетува на својата разновидност. На тој начин во секое годишно време имаме можност да уживаме во различни намирници.

Денес, во продавниците можеме во текот на годината да видиме различно овошје и зеленчук и иако продавачите ќе се обидат да нѐ убедат дека тоа е исто во текот на годината, тоа не е така. Треба да запаметите дека сите видови овошја и зеленчук кои можеме да ги купиме надвор од нивната сезона на растење не се сезонски и се полни со пестициди и хемикалии, а  не се ни претерано вкусни.

Кое е најдоброто зимско овошје?

Јаболко – јаболкото спаѓа во реод на најздравите намирници, а исто така често може да се најде и во групата на овошја со најмногу пестициди, и затоа и треба да се внимава. Јаболкото е одлично овошје бидејќи содржи многу малку заситени масти, холестерол и сол. Тоа е одличен извор на природни влакна и витамин Ц.

Портокал –  во текот на зимата, портокалите се највкусни, најсочни и најздрави. Поради својата цена, тој е и едно од најчесто конзумираните овошја во текот на зимата. Портокалите содржат малку заситени масти и холестерол, а се одличен извор и на тиамин, фолна киселина и калиум, како и природни влакна и витамин Ц.

Грејпфрут  - тој е одлично зимско овошје со совршени нутритивни својства. Содржи малку заситени масти, холестерол и витамин А и  Ц. Треба да се конзумира вниматлено, особено доколку се земаат лекови, бидејќи тие имаат влијание на неговото делување.

Киви – кивите се одлично овошје кое го подобрува здравјето на целиот организам. Само едно овошје од овој вид дневно е доволно да го замени земањето на мултивитамините. Кивите се одличен извор на природни влакна, витамин Е, калиум и бакар, но и на витамините Ц и К.

Ананас – ананасот има примамлив изглед, но и мирис и вкус. Тој е една од најздравите намирници кои постојат поради тоа што содржи природни влакна, тиамин, витамин Б6 и бакар, манган и витамин Ц.