Најдоброто нешто што можете да го направите за себе е да не заборавите да живеете

Секојдневно, го живееме својот живот набрзина и посакуваме да сме на друго место, да направиме нешто различно или пак да имаме повеќе храброст. Голем дел од нашето време го минуваме чекајќи. Ги чекаме викендите, ги чекаме одморите, постојано чекаме и се надеваме на нешто подобро, нешто повозбудливо и поинтересно.

Но, како да престанеме да го правиме тоа? Како да почнеме да го живееме својот живот во целост и да бидеме свесни за тоа што можеме да го направиме?

Имајте благодарно срце

Благодарноста е многу важен дел од нашиот живот. Работата е во тоа што често ги земаме „здраво за готово“ работите кои ги имаме во животот и не размислуваме за нив. Но, практикувањето на благодарноста за тоа што го имаме го менува нашиот ум. Тоа е како обучување на нашиот мозок да ги види и забележи важните нешта во нашиот живот. Но, каде да започнеме?

Прво, треба да бидеме присутни во моментот. Да ги забележуваме работите кои ни се случуваат, да размислиме за нив, а понекогаш и да го запишеме тоа. Треба да отидеме на спиење благодарни за тоа што го имаме во животот, наместо грижејќи се за тоа што го немаме,

Постојано учете нешто ново

Најдете задоволство во новите нешта. Никој не е доволно стар за да научи нешто ново.

Треба да учите постојано. Без оглед на тоа дали станува збор за нов јазик, фотографија, спорт, читање или цртање – најдете го тоа што ве прави среќни. Можеби ќе откриете нов талент, но во секој случај ќе бидете среќни. Постојат работи кои се уште не сте почнале да ги правите, всушност не сте ни помислиле на нив, а кои можат да ви донесат радост во вашето секојдневие. Без оглед на тоа дали имате 20, 30, 40, 50 или 60 – почнете.

Бидете присутни

Голем дел од нас го поминуваат своето време постојано грижејќи се и прашувајќи се каква ќе биде иднината, или пак се кааат или размислуваат за минатото. На тој начин, тие го занемаруваат сегашниот момент и живеат во некое друго време.

Без оглед на тоа дали го пиете своето кафе, дали ја читате својата омилена книга или пак минувате време со саканите – бидете 100% присутни. Забележете ја секоја насмевка, уживајте во секој вкус, почувствувајте ги мирисите и прегратките. Направете ги обичните денови, специјални.

Поминувајте време со луѓе кои прават да се чувстуввате подобро

Дел од луѓето со кои се дружиме сакаат да озборуваат, негативно размислуваат и на тоа не обрнуваме многу внимание, но штом си заминеме исполнети сме со негативна енергија. Треба да знаеме дека треба да ја заштитиме својата енергија.

Обрнете внимание на таквите луѓе. Немојте да бидете со луѓе кои постојано се жалат, луѓе кои прават да се чувствувате лошо.

Најдете време за себеси

Времето поминато самите со себеси е најдрагоценото време кое ќе го добиете во текот на денот. Не се плашете од тоа да бидете сами. На тој начин, можете да одморите, да се релаксирате, да научите нешто за себе. Можете да размислувате за своите цели, и да смислите начин како да ги остварите. Но, највеќе од се – времето поминато со себе ќе ве отргне од вревата низ која постојано ги минуваме своите денови и ќе ви даде повеќе енергија.