Секој дом треба да има посебен дел во кујната наменет за зачините, кои не само што даваат специфичен вкус на храната која ја конзумираме, туку и позитивно влијаат на нашето здравје.

Кои се најдобрите зачини?

Куркума

Овој портокалов зачин се цени многу поради тоа што придонесува за намалување на нивоата на триглицериди, го стабилизира шеќерот во крвта, го намалува холестеролот и мастите и помага против воспаленијата во нашето тело. Поради неговите антивоспалителни состојки, тој е многу моќен за нашето здравје. Одличен е и за смирување на системот за варење, артритис, а содржи и антиканцерогени состојки.

Цимет

Овој сладок зачин е наш омилен мирис за зимата. Се користи во многу десерти, а нуди и многу бенефити за здравјето. Го намалува апетитот, а го минимизира и лачењето инсулин по јадењето. Го подобрува метаболизмот, а одличен е и во борбата против килограмите и зимските настинки. Освен тоа, има и антивоспалителни состојки кои помагаат во борбата против ракот.

Ѓумбир

Популарноста на ѓумбирот се зголемува низ годините и затоа можете да го видите како дел од многу рецепти. Тој е одлична храна за борба против раков, но не само тоа. Помага во справување со настинките, мачнините по конзумирањето алкохол и за време на менструациите.

Ким

Овој зачин е популарен во Индија, Мексико, Јужна Америка и Блискиот Исток. Богат е со железо, а само една лажичка ким содржи 22% од препорачаната дневна доза од овој минерал. Придонесува против губењето на меморијата и е одличен против ефектите од стресот на нашето здравје и тело. Исто така содржи и антиоксиданти, вклучувајќи го и витаминот Ц. Се користи и за смирување на желудникот.

Оригано

Само 1 лажица оригано содржи 6 микрограми од витаминот К, што е еднакво на антиоксидантите кои ги добиваме од три шолји спанаќ. Богат е со витамини, минерали, омега 3 и природни влакна.