Најдобрите вежби за вашиот хороскопски знак

Прашајте го секој експерт кој е најдобриот начин за да бидете во добра форма и ќе ви кажат дека балансирана диета и редовно вежбање е совршената формула за тоа. Сепак, хороскопот има одговор за тоа кои се најдобрите вежби за вашиот хороскопски знак.

Овен

Вие имате натпреварувачки дух и сакате авантура. Додека вашите пријатели ви зборуваат за јогата, вие едноставно ги превртувате очите, бидејќи тоа е бавно за вас. Часовите за танцување се најдобри за вас, бидејќи тие се брзи и најмногу одговораат на вашиот карактер.

Бик

Луѓето кои се родени во овој знак поседуваат сензуалност и гордост. Тие исто така се тврдоглави, што ги прави дисциплинирани. Спортовите кои бараат дисциплина, како и јогата се најдобриот избор за вас.

Близнаци

За овој знак, најдобриот спорт е оној каде не постои монотонијата. Разновидноста и социјалната интеракција се најдобрите за да ги задржат Близнаците во вежбањето. Тешките вежби или камповите за вежбање се најдобрите за нив.

Рак

Родените во овој знак бараат рутина и структура. Тие сакаат индивидуалистички вежби каде нема да мораат да ја поднесуваат енергијата на другите.  Ним им е потребно да се изгубат во своите мисли. Затоа, пешачењето и трчањето се најдобри за Раковите.

Лав

Лавовите сакаат предизвик и сакаат да бидат видени додека вежбаат. Исто така, сакаат фенси спорт. Затоа, боксот е најдобриот избор за нив.

Девица

 Не постои пофокусиран знак од Девицата. Затоа за нив се препорачуваат пилатес вежби. Тие се единственото нешто што може да ги натера да вежбаат и малку да ја остават работата.

Вага

Додека некои луѓе обожаваат да се препотуваат во целосна осаменост, Вагите имаат потреба од социјална интеракција. За нив, боречките вештини и тенисот се најдобриот избор, а најдобар бенефит имаат кога вежбаат со личен тренер.

Шкорпија

Овој знак се карактеризира со силна интензивност и волја. Затоа за Шкорпиите се препорачуваат спортовите и вежбите кои ја тестираат нивната издржливост.

Стрелец

Родени како природни спортисти, Стрелците се авантуристи кои сакаат предизвик, но и разновидност. За нив се препорачува CrossFit и вежби како PX90, кои се интензивни, но и се карактеризираат  со разновидноста која ја бараат Стрелците.

Јарец

Вежбањето никогаш не е проблем за родените во овој знак, бидејќи Јарците ја сакаат одговорноста. Тие имаат дисциплина и самоконтрола, но како и Стрелците бараат разновидност. Затоа, пилатес вежбите се најдобри за нив, но само ако секој час е различен од претходниот.

Водолија

Родените во овој знак се креативни и љубопитни личности кои секогаш пробуваат нови нешта. Тие исто така се и тимски играли кои сакаат да ја чувствуваат енергијата на оние околу нив. Затоа, за нив ја препорачуваме зумбата како најдобар начин за вежбање.

Риби

За Рибите, вежбањето е насочено кон наоѓање на умот и слободата. Тивко место за јога е најдоброто место за вежбање за родените во овој знак. Освен тоа, би препорачале и пливање и кајак, кои се водени спортови совршени за Рибите.