Најдобрите работници од градинките добија награди од Општина Центар

Денеска, Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ги додели наградите за најдобри негуватели и воспитувачи, а од оваа година за прв пат и за најдобри стручни (со)работници и помошно-технички персонал во сите три градинки и нивните клонови во Општина Центар.

Наградите кои општина Центар традиционално ги доделува се согласно предходно утврдени критериуми воспоставени на ниво на општина, а креирани во координација со директорите во градинките. Наградниот фонд предвидува еднократна парична награда во висина од една просечна нето плата согласно последната објава на Завод за статистика на РСМ, односно 24.500 денари.

„Наградите кои ги доделуваме освен што се признание за посветената работа на добитниците, се и трајна вредност за градинките и идните генерации кои ќе бидат згрижени во овие основни образовни институции. Од оваа година за прв пат, Општина Центар воведе и награди за стручни (со)работници и помошно-технички персонал чиј влог во развојот на децата во градинките е подеднакво голем. Уверен сум дека овие награди ќе бидат стимул и мотивација за сите вработени да продолжат посветено да работат во интерес и за доброто на нашите најмали“ – изјави Саша Богдановиќ, Градоначалник на Општина Центар на доделувањето на наградите.

Оваа година, трите наградени воспитувачки се: Снежана Гуцуљ од ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“, Валентина Драгшиќ од ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“, и Викторија Маџаревска од ЈУДГ ОЦ „Раде Ј. Корчагин“.

Наградени негувателки се: Лила Тодоровска од ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“, Славица Митева од ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ и Момица Бошњаковска од ЈУДГ ОЦ „Раде Ј. Корчагин“.

Наградени стручни (со) работници се:  Љубинка Митковска од ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“, Д-р Славица Арсовска од ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ и Виолета Чорбаџиева од ЈУДГ ОЦ „Раде Ј. Корчагин“.

Награден помошно-технички персонал: Марика Теофиловска од ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“,Славица Здравевска од ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ и Драган Митковски од ЈУДГ ОЦ „Раде Ј. Корчагин“.