Најдобрите основци од општина Карпош добија бесплатен одмор

Општина Карпош и оваа година од својот буџет обезбеди наградно патување за 80 ученици од основните училишта од Карпош.

Најуспешните ученици-спортисти, кои остварија извонредни резултати во рамки на спортската училишна лига во четирите спортови и тоа, кошарка, фудбал, ракомет и одбојка за девојчиња, заедно со најуспешните ученици-првенци на генерација, ќе бидат дел од наградното патување кое оваа година ќе се реализира од 13 до 19 јуни во Грција во кампот Скураз на полуостровот Халикидки.

Седумдневниот одмор на основците ќе им донесе голем број нови познанства и другарувања и разни спортско-рекреативни активности.