Најдобрите лекции кои можете да ги научите од своите кучиња

Кучињата се среќни, активни и секогаш подготвени за дружба, гушкање и игра. Ова се најдобрите лекции кои можеме да ги научиме од нив.

Уживајте во храната

Како што кучињата се трудат да изедат сè и да ја излижат чинијата, така и вие би требале да водите сметка за тоа.  Уживајте во тоа што го јадете и изедете го до последниот залак. Ако нешто ви остане, дадете им го на оние на кои им е потребно.

Дремнете

Искоритете ги своите слободни мигови за да дремнете и одморите. Дремките се добри за концентрацијата и здравјето, а тие даваат и енергија за остатокот од денот.

Бидете љубопитни

Каде и да одите, бидете љубопитни. Откривајте нови места, нови начини на забава, нови пријатели.

Сакајте

Ова е една од најголемите лекции која можеме да ја научиме од кучињата. Тие сакаат со сето свое срце, бескрајно. Бидете и вие такви.

Бидете гласни

Покажете кога нешто сакате, покажете и кога нешто не ви одговара. Не ги прифаќајте работите така како што ви ги даваат другите луѓе. Следете го својот инстинкт и точно знајте што сакате.

Бидете благодарни

Покажете ја својата благодарност за нештата кои ги добивате. Препуштете се на убавите нешта кои ги добивате од средината и од луѓето кои ве сакаат и возвратете им со љубов.

Излезете надвор

Времето поминато надвор е најдобро за подигање на расположението. Занимавајте се со спорт, одете, трчајте и дружете се.

Насмевката отвора железни врати

Можеби не се смеат како луѓето, но нивниот поглед со длабоките очи им помага да добијат што ќе посакаат.