Најдобрите карактеристики на хороскопскиот знак Девица

Периодот од 23 август до 22 септември е период на Девицата – хороскопски знак кој ќе ве изненади со своите добри карактеристики.

Не дека останатите знаци немаат добри особини, далеку од тоа, но Девицата особено се истакнува со своите карактеристики.

Ова се дел од особините кои го карактеризираат овој земјен знак:

Девиците се независни личности, способни да ја завршат секоја работа потпирајќи се исклучиво на себе, без да очекуваат помош.

Тие се високо интелигентни личности, способни за длабока анализа и барање на најдоброто решение на проблемот. Имаат одлична меморија, може да продрат во суштината на зборовите на другите и имаат неверојатен дар да ја откријат вистинската намера и мотивите на луѓето околу нив.

На секоја ситуација ѝ приоѓаат полека, ја анализираат, ги земаат сите факти во предвид и добро размислуваат пред да донесат конечна одлука. Иако понекогаш изгледа дека се бавни и неодлучни, токму ваквиот аналитички приод на нештата води до неверојатно добри резултати. Благодарение на нивата анализа, честопати им даваат многу корисни совети на пријателите.

Уредни се и не сакаат да живеат и работат во услови каде владее хаос, неуредност и неорганизираност. Верувајте, тоа многу им смета.

Чувствителни се и имаат длабоко разбирање за човековите слабости, затоа секогаш се подготвени да им помогнат на другите.

Иако дел од астролозите ги опишуваат како ограничени личности, кога Девиците ќе стекнат самодоверба, сјаат толку силно што ни еден друг хороскопски знак не може да се мери со нивната внатрешна светлина.

Девиците кои веруваат во себе се едни од најкреативните и најуспешните хороскопски знаци.

Елемент: Земја
Планета: Меркур
Симбол: Богородица
Камен : Сафир
Животна цел : Да го направат вистинското и правилното нешто
Тајна желба : Да сакаат и да бидат сакани