Најдобриот зеленчук за зимскиот период

Зимата ни носи многу уживања – топли ќебенца, снегулки, топло чоколадо. Но, сепак и во зимата ни е важно да продолжиме да се грижиме за нашето здравје, поради честите настинки и грипови, но и добросостојбата која ни е потребна.

Ова се најдобриот зимски зеленчук кој можеме да го конзумираме во текот на зимата.

Зелка

Зелката е евтин зеленчук, кој е богат со витамини и минерали – витамин Ц и К и фолна киселина. Тие се богати и со антиоксиданти, природни влакна и глукозинолати, кои се одличен борец против ракот. Некои истражувања покажуваат дека зелката има моќ да го намали холестеролот и да го намали ризикот од заболување од рак и дијабетес.

Компири

Иако во последно време имаат лоша репутација поради нивниот висок гликемиски индекс, сепак тие се исто така евтини и добри за многу јадења во текот на зимата. Богати се со калиум, магнезиум, фолна киселина, витамин Ц и протеини. Тие придонесуваат за намалување на крвниот притисок и се богати со антиоксиданти. Сепак, слатките компири се сметаат за подобар и поздрав избор поради бета каротенот, витамините А и Ц и природните влакна кои ги содржат.

Кромид

Многумина го избегнуваат поради силниот мирис, сепак тој е задолжителен за голем дел од јадењата на нашата трпеза – од супите, салатите, месото, пастата и манџите. Особено се здрави, но и ниски со калории. Тие придонесуваат за подобрување на имунитетот и намалување на лошиот холестерол, а зголемување на добриот.

Цвекло

Ова е еден од најдобрите зеленчуци во текот на зимата. Богати со антиоксиданти кои помагаат во борбата против ракот и дегенеративните заболувања. Освен тоа, богати се со железо, калиум и витамините А, Б и Ц. Исто така се и природен извор на шеќер.

Моркови

Дали сте ги гледале цртаните филмови со Душко Долгоушко и неговата љубов за морковите? Неговиот омилен зеленчук е богат со бета каротен кој придонесува за конвертирање на витаминот А во нашето тело. Витаминот А е важен за силен имунолошки систем и здрави очи и кожа. Овој зеленчук е богат и со витаминот Ц. Неговите состојки придонесуваат за намалување на ризикот од рак и кардиоваскуларни заболувања.