Живот
14. December 2016 - 15:19

Најдобриот совет за секој хороскопски знак за 2017

Ова се најдобрите совети за вашиот знак за годината која ни претстои.

Овен

Интересно е што секогаш сте спонтани и секогаш подготвени за нова авантура која животот ви ја нуди, но постои одредена точка на спонтаност каде импулсивноста  добива негативен аспект. Затоа, наместо да велите „да“ поминете ја 2017 посвесни и посеризни за сите одлуки кои ги носите. Тоа е добро за вас бидејќи ќе живеете поисполнет и побавен живот и ќе уживате во сите моменти, без да брзате низ животот.

Бик

Смирете се околу тоа дека не можете да го промените однесувањето на другите луѓе, туку можете да носите одлуки само за себе. Штом го направите тоа, ќе го намалите својот стрес и грижи за малите нешта на кои не можете да влијаете. Бидејќи сте топла личност, често се случува со добра намера да се обидете да ги смените или „поправите“ луѓето, но треба да знаете дека тоа е невозможно. Таквите нешта често ве прават нервозни и фрустрирани. Продолжете да бидете добри кон другите, но сфатете дека највеќе што можете да им дадете се вашите помош и поддршка, а на нив останува дали ќе ги прифатат.

Близнаци

Престанете да се обидувате да бидете весели постојано.  Убаво е што вие сте кралот/кралицата на сите забави и луѓето сакаат да минуваат време со вас, но развијте ја и вашата друга страна – онаа која ќе си даде слобода да разговара со другите за подлабоки теми, да бидете ранлива личност и личност која понекогаш е тажна пред другите. Така ќе ви падне голем товар од оној притисок што го носите на своите рамена, при обидот постојано да бидете среќни и весели.

Рак

Започнете да се грижите за себе како што се грижите за другите луѓе. Поради вашата интуитивна природа, лесно ви е да ја прочитате тагата кај другите луѓе, но вие постојано се грижите за нив, заборавајќи за сопствените потреби. Не морате да ја менувате својата топла природа, но обрнете си повеќе внимание на себеси -  на вашата умствена и емотивна благосостојба.

Лав

Почнете да бидете свесни за својот интензитет, кој во најголема мера е фантастичен, но понекогаш претерувате. Вашите пријатели, колеги и семејство ве обожаваат поради вашиот ентузијазам, креативност и уникатен начин на размислување, но понекогаш треба да направите напор да бидете флексибилни и адаптибилни кон различни видови на личности и различни начини на размислување и да се потрудите да не ги оптеретите другите со вашата страст и постојана желба за драма и забава.

Девица

Престанете да бидете толку строги кон себеси. Вие имате неверојатна работна етика, интелигенција и луѓето можат да се потпрат на вас, но понекогаш станувате опсесивни за мали нешта и се критикувате себеси за грешки кои другите не ги ни забележуваат. Опуштете се, верувајте си повеќе себеси и видете колку среќа тоа носи во вашиот живот и односи со другите.

Вага

Прифатете го фактот дека не можат сите да ве сакаат. Вие сте шармантни и балансирани личности кои им се допаѓаат на повеќето, но претерано е да верувате дека можете да им се допаднете на сите луѓе. Не губете време и енергија на тоа и престанете да се грижите и анализирате зошто е тоа така.

Шкорпија

Фокусирајте се да ја победите потребата да ги смените нештата кои не можете да ги промените. Вие сте моќна и успешна личност, но понекогаш се губите кога нештата не се по ваше. Понекогаш тоа е ваша вина, но често резултат на различни фактори. Тоа на што треба да се фокусирате оваа година е ослободувањето од анксиозноста за нештата кои не можете да ги смените и наместо тоа насочете ја вашата енергија кон тоа да ги подобрите оние нешта на кои имате влијание.

Стрелец

Поминете ја следната година со тоа што ќе бидете проактивни околу вашите избори. Вие сте оптимист и тоа е одлично, а луѓето сакаат да бидат околу вас поради вашиот добар хумор и позитивност. Но, понекогаш сте пасивна личност  и ги оставате нештата да се случат сами од себе. Променете го тоа кај себе и така можете да ги постигнете сите оние нешта за кои сонувате.

Јарец

Престанете да се потпирате на својата практичност и логика. Светот е хаотичен и добро е да се биде реален и претпазлив, но исто така животот е краток и нема потреба да сте толку стуткани и претпазливи. Најубавите нешта се случуваат кога сме храбри и спонтани и кога се потпираме на интуицијата.

Водолија

Дадете си дозвола да бидете емотивни и да го давате своето срце на луѓето кои ви значат и нештата кои ве прават среќни. Држењето неутралност и растојание од нештата и луѓето е добро, но понекогаш многу пропуштате кога се плашите од зближувањето.  Вие сте емотивна личност и не се плашете од своите чувства.

Риби

Посветете се на нештата кои имаат ефект над вашиот живот. Вие имате силен ум и срце, но често премногу сонувате и губите чувство за нештата кои ги сакате. Затоа, наместо да сонувате тајно, потрудете се таквите соништа да ги префрлите во реалноста и така да уживате во животот.