Најдобриот показател за здрава врска е нејзиното отсуство од Фејсбук

Колку помалку слушате за една врска, толку е поцврста и подобра.

Кога ќе видите, Фејсбукот е нужно зло. И покрај тоа што по 100 пати на ден превртуваме со очи на се и сешто што гледаме таму, сепак ни е потребен за каква-таква комуникација со луѓето. 

Фејсбукот може да се гледа и како „сваштарија“. Па затоа и не е најпаметно да ја вметнете и вашата врска таму.

Постојат два начини на кои врските се појавуваат на Фејсбук и двата се лоши.

Првиот начин: Паровите кои се расправаат на Фејсбук

Неподносливи се. Никој не сака да гледа како други луѓе се караат на Фејсбук. Но, тоа не ги спречува паровите да се караат на ФБ за се и сешто. Многу едноставно, тоа кажува дека воопшто не ги почитувате чувствата на другиот, ниту вашата приватност, а и самата ваша врска.

Никој не сака да чита пасивно-агресивни постови од типот: „#ОнаКога чекаш 10 минути на ладното“ или „#ОнаКога си секогаш на последно место“.

Да, тие работи се лоши, но можеби би требале да ги решите на само, а не пред сите ваши пријатели на ФБ? Тоа само кажува дека ви треба надворешно признавање на вашите чувства. Знаете што прават вистинските парови кога нештата ќе тргнат на лошо? Тие зборуваат за тоа и наоѓаат начин како да не се повредуваат во иднина.

Вториот начин: „Завидувајте на нашиот живот“ тип на парови кои го споделуваат секој дел од нивната врска.

Не им завидувајте. Нивниот ѕид на ФБ е вистинска фасада. Повеќе изгледа дека самите себе сакаат да се убедуваат во нешто. Зарем добрата врска не треба да зборува самата по себе? Или можеби се работи за нездрава опсесија за сликата којашто ја оставаат кај другите, отколку самата врска.

Луѓето забележуваат кога сте во неверојатна врска. Тоа се прелива и во секој дел од вашиот живот. Сите одвреме-навреме сакаме да покажеме колку сме заљубени, но колку би било морничаво кога секој ден би им се јавувале на пријателите и семејството за ги потсетите колку многу си ги сакате вашите партнери? Е па вие всушност тоа и го правите, само не преку телефон, туку на Фејсбук.

Во суштина, одличните врски се антитезите на она што е спомнато погоре. Тие ги решаваат проблемите без во тоа да вовлечат невини минувачи. Личноста со која највеќе сакаат да ја споделат љубовта веќе е покрај нив, а не со 400 познаници.

Тие знаат дека има вредност во тајните мали моменти кои никој друг не ги знае. Тие знаат дека покажување на љубовта преку друг медиум ја намалува нејзината искреност, затоа што кога имате публика, се изгледа како да е некаков настап.

Тие не поминуваат време на Фејсбук, тие поминуваат време еден со друг.